Top Sport

Седлоски заминал од Широки, се враќа во Вардар

Поранешниот тренер на Вардар Гоце Седлоски повеќе не е шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Широки Брег. Доцна синоќа Седлоски поднел оставка на функцијата, објавија медиумите во БиХ. Оставката клубот треба да ја потврди во текот на денов.

Широки со пораз ја започнаа новата сезона во првенството на Босна и Херцеговина. Екипата на Седлоски загуби на домашен терен од Челин 0-1. По мечот Седлоски не се појавил на прес конференцијата.

Широки лошо ја отворија новата сезона, пред поразот од Челик, екипата не испеа да го мине првото коло во Лига Европа.

Седлоски во август минатата година стана тренер на Широки.

Инаку, Гоце Седолски нема да остане без работа, бидејќи тој веднаш ќе ја преземе функцијата спортски директор во Вардар.

Scroll to Top