Проблемите во кои се наоѓа Шефилд Венздеј се влошија во петокот, клубот поднесе барање за банкрот.
Финансиските проблеми се натрупаа до тој степен што Венздеј сега ѝ должи на владата еден милион фунти за даноци.
Англиската фудбалска лига му изрече неколку казни на клубот во текот на изминатите седум месеци, а EФЛ забрани регистрација на нови играчи поради доцнење на плаќањата на играчите и персоналот во клубот Шефилд Венздеј.
Притисокот врз Дејфон Чансири да го продаде клубот трае веќе долго време, а навивачите ја изразија својата загриженост со бројни протести, поранешни играчи, па дури и политичари. Навивачите бојкотираат веќе некое време и не доаѓаат на натпреварите што Венздеј ги игра на „Хилсборо“.
Поради новата ситуација и барањето за банкрот, на Шефилд Венздеј автоматски ќе им бидат одземени бодови, што официјално ќе биде потврдено од EФЛ. Венздеј е последен на табелата во Чемпионшип.
Последниот клуб во EФЛ што прогласи банкрот беше Дерби Каунти во 2021 година, а EФЛ потоа реагираше со одземање на 12 бода.
