Top Sport

Шефилд во 100.минута дојде до првата победа во Премиер лигата, Сити со шест гола го растури Борнмут

Фудбалерите на Шефилд јунајтед во 11.коло ја забележаа првата победа во Премиер лигата. Триумфот на Шефилд во сенка ја фрли победата на Манчестер сити над Борнмут (6:1) и податокот дека Халанд и Алварез не постигнаа ниту еден гол.

Шефилд во драматичен финиш, со гол во 100.минута од пенал го победи Вулверхемтон. Арчер им донесе предност на домаќините, Белегард израмни во претпоследната минута и го се чинеше дека Вулвф ќе освојат бод, Норвуд стави точка на мечот, за прв триумф на Шефилд оваа сезона во Премиер лигата.

Резултати, 11.коло:

Бренфорд-Вест Хем 3:1
Евертон-Брајтон 1:1
Манчестер сити-Борнмут 6:1
Шефилд јунајтед-Вулверхемптон 2:1
Барнли-Кристал Палас 0:2.

Scroll to Top