Top Sport

Шефот на Палермо бара: Или Серија А или 50 милиони евра!

Контроверзниот сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини сака неговиот клуб итно да биде „пуштен“ во Серија А или лигата да му исплати „најмалку 50 милиони евра во оштета“.

Клубот на македонските интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски, контроверзно загуби во баражот за влез во Серија А од Фросиноне, откако клубот доби суспензија од два меча за попречување на играта, бидејќи во финишот на натпреварот резервните фудбалери фрлаа намерно топки во теренот, и влегуваа на теренот.

Ѕампарини бараше мечот да биде преигран или да биде службено регистриран со победа за клубот од Сицилија, но тоа беше одбиена од Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ). Сега, последната одлука ја има Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ).

„Размислуваме за сите опции. Ќе побараме лигата да биде прекината и Палермо да влезе во неа. Ако се работи за правда, тогаш Фросиноне треба да биде во Серија Б. Или, да ни платат 50 милиони евра за штетите“, изјави Ѕампарини.

Scroll to Top