Top Sport

Шефот на „Златната топка“: Единствена мотивација на Роналдо е да има повеќе титули од Меси

Ако се верува на шпекулациите, утре Лионел Меси ќе освои рекордна седма „Златна топка“, нешто што сигурно ќе го изнервира Кристијано Роналдо, потврдува шефот на „Франс фудбал“, организаторот на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

И покрај слабата мината сезона со Барселона, тој беше убедливо најдобриот играч на каталонскиот гигант, а во текот на летото го освои својот прв интернационален трофеј, Копа Америка со Аргентина.

Според уредникот на „Франс фудбал“, Паскал Фере, единствена мотивација на Роналдо во неговата долгогодишна кариера е да има повеќе „Златни топки“ од Меси. Роналдо пет пати ја освојуваше наградата, а Меси веќе има шест дома.

„Роналдо има една амбиција, и тоа е да се пензионира со повеќе ‘Балон д’ор’ награди од Меси. Го знам тоа, бидејќи тој самиот ми го кажа тоа“, вели Фере за „Њујорк тајмс“.

Последната „Златна топка“, Роналдо ја освои во 2017 година.

Scroll to Top