Top Sport

Бугарската „кобра“ Пулев со застрашувачки нокаут над УФЦ легендата Мир

Контроверзната нова ММА-промоција, „Тријад комбат“ донесе пресметки на боксери и ММА фајтери во ринг во форма во триаголник, а главниот меч донесе нови контроверзи, откако поранешниот кандидат за светската титула во тешка категорија, 40-годишниот Кубрат Пулев го „уништи“ поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Френк Мир.

Разликата во формата и во класата беше препознатлива веднаш, и кога Пулев почна да го удира противникот, а судијата на мечот, Ден Мираљота чекаше да прогласи нокаут, дел од фановите станаа загрижени за добросостојбата на Мир.

На крајот Мир се тетеравеше во рингот налик на лик од видео-играта „Мортал комбат“, но за среќа Пулев само стоеше и чекаше мечот да биде прекинат.

Scroll to Top