Top Sport

Шефовите на Јунајтед признаваат дека платиле премногу за Антони

Шефовите на Манчестер јунајтед прифаќаат дека платиле премногу за Бразилецот Антони, но веруваат дека на крајот тој ќе се покаже како корисен играч за тимот на Ерик Тен Хаг, тврди „ЕСПН“.

Јунајтед платија 85 милиони фунти (100 милиони евра) на Ајакс да го донесат 22-годишниот Бразилец за тој да продолжи да работи со Тен Хаг, со што тој е четвртиот најскап фудбалер купен од англиски клуб по Џек Грилиш (Манчестер сити), Ромелу Лукаку (Челси) и Пол Погба (повторно Манчестер јунајтед).

Антони постигна гол во своето деби против Арсенал, но оттогаш има само четири гола и дел од навивачите се разочарани од неговата форма и преферирањето на играње со лева нога. Според „ЕСПН“, кога првпат биле заинтересирани, цената на Антони била 53 милиони фунти, но на крајот Ајакс успеал да ја крене цената до максимум. И покрај ова, во Јунајтед веруваат дека тој е најдобра опција за тимот на Тен Хаг и дека има потенцијал да биде уште подобар.

Scroll to Top