Top Sport

Ѓоковиќ го „копира“ Меси: Што гледаш, будало!

Новак Ѓоковиќ очигледно беше инспириран од Лионел Меси, откако на својот Инстаграм профил објави видео во кое се шегува со аргентинскиот ривал Диего Шварцман користејќи ја фразата на Меси од контроверзниот меч со Холандија: „Што гледаш будало!“.

Меси по жестоката пресметка со Холандија, која Аргентинците ја добија на пенали, беше лут на однесувањето на дел од противничките фудбалери, посебно од напаѓачот Вут Вегхорст (кој инаку стана нов играч на Манчестер јунајтед денеска), и кога даваше интервју мораше да реагира на него порачувајќи му да си ја гледа својата работа.

Аргентинските тенисери веднаш ја сфатија шегата и му коментираа на неговиот пост.

ОРИГИНАЛОТ

ТЕНИСКИОТ „РЕМИКС“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Scroll to Top