Компанијата „Сити Фудбал Груп“ (СФГ) стана сопственик на фудбалскиот клуб Ломел. Овој клуб се натпреварува во Втората лига на Белгија. За клубот кој се наоѓал пред банкрот компанијата издвоила 2.000.000 евра.
Ломел е најновиот проект на „СФГ“, компанијата во своја сопственост има и осум други клубови. Најпознат од нив е Манчестер сити.
Покрај Сити и Ломел „СФГ“ е сопственик на Мелбурн, Њујорк сити, Мумбаи сити, Монтевидео, Џирона каде е сопственик на 43 отсто од акциите, односно Сичуан и Јокохама.