Top Sport

Шеикот Ал Тани ќе плати рекордна сума за Манчестер јунајтед

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани, синот на поранешниот премиер на Катар Јасим бин Џабер Ал Тани, наскоро треба да биде официјализиран како нов сопственик на Манчестер јунајтед.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека 90 отсто од работата околу продажбата на англискиот гигант е завршена.

„Скај спорт“, пред два дена објави дека семејството Глезер е подготвено да го продаде клубот. По оваа објава на „Скај спорт“, акциите на Манчестер јунајтед пораснаа за 17 отсто.

Јасим, во битката за купување на славниот клуб го победи британскиот милијардер Џим Ретклиф.

Шеикот Јасим првично требаше да плати пет милијарди фунти, но цената очигледно е многу поголема, според Романо, тоа ќе се знае во наредните денови, бидејќи ќе биде потребно извесно време двете страни да постигнат конечен Според „Скај спорт“, цената се движи меѓу пет и девет милијарди фунти (од шест до 10 милијарди евра).

Според проценките на експертите, со продажбата на Јунајтед ќе се сруши светскиот рекорд, кој моментално изнесува околу четири и пол милијарди евра, кои „Волтон-Панер груп“ ги платија за НФЛ тимот Денвер Бронкос.

Семејството Глејзер (Абрам, Брајан, Дарси, Едвард, Џоел и Кевин) го води Јунајтед од 2005 година, откако американскиот милијардер Малколм Глејзер ги купи сите акции на клубот. Манчестер ја нема освоено титулата во Премиер лигата од 2013 година и заминувањето на Сер Алекс Фергусон, а Лигата на шампионите од 2008 година.

Scroll to Top