Top Sport

Шеикот од Манчестер сити не знае да штеди

Манчестер сити пред една деценија беше просечен англиски клуб, стана моќен и важен фактор во англискиот и европскиот фудбал откако доби нови сопственици. Богатите сопственици од Обединетите Арапски Емирати, со своите вложувања воспоставија доминација во Англија, но клубот никако не успева да направи значаен резултат во лигата на шампионите.

Од 2008 година до денес според „Трансфермаркт“ во клубот се вложени неверојатни 1,2 милијарди фунти. Оваа сума е речиси двојно поголема од она што на трансфери во изминатата деценија го потрошиле Реал и Барселона, екипи што доминираат во европскиот фудбал.

Зад „граѓаните“ у уште еден тим со капитал од блискиот исток, ПСЖ. Катарските сопственици на трансфери потрошиле 821,6 милиони фунти.

Зад Сити и ПСЖ се Манчестр Јунајтед (721,1 милиони фунти), односно Барселона и Реал Мадрид. Шпанските великани потрошиле идентична сума на пари, 658 милиони фунти.

 

Scroll to Top