Top Sport

Ако не го смени однесувањето Дембеле ќе биде продаден

На „Ноу Камп“, сериозно размислувале да го продадат во летниот преоден рок крилниот напаѓач Усман Дембеле. „АС“ пишува дека тој веќе добил ултиматум од клубот, да го смени однесувањето и да започне да се однесува професионално, во спротивно ќе биде ставен на трансфер листата.

Дембеле сезонава неколку пати доцнел или ги пропуштал тренинзите, а според „АС“ работите кулминирале во деновите пред финалето во Купот на Кралот. Дембеле не се појавувал на тренинзите со образложение дека поради повредата на натколеницата добил дозвола да работи со клупскиот физиотерапевт.

Тој бил предупреден дека како и сите играчи мора да договорениот термин на се појави на тренингот. Наводно на Дембеле му било соопштено дека ќе биде продаден доколку не го смени однесувањето.

Дембеле има договор со Барселона до јуни 2022 година.

Scroll to Top