Фудбалскиот сојуз на Турција, обајви дека ја прекинал соработката со селекторот Шенол Гунеш.
Турција доживеа дебакл на Европското првенство, не освои ниту еден бод во групата со Италија, Велс и Швацарија.
За неуспехот на ЕУРО 2020, Гунеш, ги обвини медиумите и фудбалерите и одби да поднесе оставка.
По Европското првенство дојдоа септемвриските натпревари, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Турција доживеа целосно фијаско, против Црна Гора водеа 2:0, на крајот освоија само бод, очекувано го победија Гибралтар, а потоа беа декласирани од Холандија со 6:1.
Гунеш, во три мандати, ја преодел Турција на 82 натпревари. Со неговото име се поврзува најголемиот успех на турскиот фудбал, третото место на Светското првенство во 2002 година.