Дефанзивецот на Њукасл и на швајцарската репрезентација, Фабијан Шер признава дека моментот бил страшен откако се судри во воздушен дуел со еден грузиски фудбалер за време на квалификацискиот меч за Евро 2020.
Шер се удри со Грузиецот Јемал Табидзе во 24. минута од мечот во Тбилиси, по што лежеше во несвест на тревата со јазикот во грлото. Грузискиот фудбалер Јано Ананидзе остана најсмирен и му помогна да ја врати свеста. Несфатливо, тој продолжи да игра и помогна со асистенција во вториот гол во 2:0 победата на Швајцарците.
„Изгледаше страшно, но не се сеќавам на ништо. Бев во аут неколку секунди. Во черепот уште ми ѕвони. Ме боли главата и имам модринка на челото. Но, да ви кажам искрено, вредеше“, изјави Шер за швајцарскиот весник „Блик“.