Top Sport

Зидан: Кога бев фудбалер не бев идиот кој оди по кафеани, пиев само вода и спиев добро

Тренерот и легенда на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во последното интервју за „ОТРО“ зборува за своите почетоци во светот на фудбалот, за навиките на професионалните спортисти и за инспирацијата која ја имал.

„Мене ми беше јасно од стартот дека сè што сакав е да бидам фудбалер. Но, имав проблеми во училиштето и моите родители не ми дозволуваа да играм. Знаев дека немам најдобар однос кон школото и кон родителите. Еден ден ми кажаа да правам тоа што го сакам и кога ја имав нивната дозвола се фокусирав на остварувањето на целите. Кога пристигнав во Кан, видов како тренираат професионалците и сакав и јас да го правам тоа“, вели Зидан.

Откако дојде во Кан на 17 години, Зидан признава дека целосно го сменил животниот стил за да биде поуспешен.

„Нема тајна. Спиев добро, не бев идиот кој оди по кафеани, пиев само вода и убаво се загревав пред секој меч. Вложив сè да станам најдобриот фудбалер што можам и мораше да ја платам цената. Така можев и да ги усреќам моите родители, да ги направам горди. Не е како денеска, прво треба да се покажеш, да играш и да бидеш добар. Прво мораш да покажеш дека си поинаков од другите, бидејќи тогаш имаше малку младински фудбалери во првиот состав – еден двајца во цел тим. Денеска сè е сменето, сè оди многу побргу, за фудбалерите, и тие веќе не се плашат да прават грешки“, вели Зидан.

Scroll to Top