Top Sport

Шериф на оригинален начин ја прославија сензационалната победа во Мадрид

Шериф е најголемата сензација во историјата, на Лигата на шампионите. Екипата која големо внимание привлече со елиминациите на Црвена звезда и Динамо загреб, во квалификациите, во првото коло го победи Шахтјор, а синоќа го шокираше Реал среде Мадрид. Со шест бода, Шериф е лидер во Д-групата.

Клубот од молдавската покраина Транснистрија, го нарекуваат легија на странци. Составен е од фудбалери од 14 различно националности. Меѓу нив е и македонскиот репрезентативец, Бобан Николов.

Според рејтингот на УЕФА, Шериф се наоѓа на 66.место, за споредба Реал е шести. Податоците на „Трансфермаркт“ покажувата дека целиот тим на Шериф има пазарна вредност од 12.000.000 евра, Реал е 66 пати поскап, неговите играчи вредат 793.000.000 евра.

Епскиот потфат, најголемиот успех во клупската историја, Шериф го прослави на оригинален начин. Нивната објава на „Инстаграм“, стана хит на социјалните мрежи. На еден крак од ѕвездата ја закачика кралската круна на Реал.

Scroll to Top