Теди Шерингам на 21-годишнината од славната победа на Манчестер јунајтед над Баерн Минхен во финалето на ЛШ влезе во директен напад на Пол Погба, оценувајќи го Французинот како арогантен фудбалер кој не е вистински лидер и кој мора да биде продаден.
На гостувањето на „Скај спортс“, Шерингам вели дека Погба воопшто не наликува на Рој Кин и дека клубот за да тргне напред мора да се ослободи од него.
„Луѓето ги споменуваат врвните играчи и капитените. Кога работите не одеа добро, Рој Кин ги поставуваше на вистинско место. Тој го движеше тимот и обезбедуваше секој меч да одиме напред. Кога ќе го погледнете Погба, нема сомнеж дека тој е талентирано момче, но дали го има тој менталитет? Дали оди до крај да ги извади Манчестер јунајтед од тешка ситуација? Секако, не! Тој дава погрешни вибрации како фудбалер на ’ѓаволите’. Добро е да си арогантен во вистинско време, како Двајт Јорк, но Јорк имаше желба за успех. Мислам дека за да се движи клубот во вистинска насока потребно е тој да биде продаден и клубот да тргне напред без него“, вели Шерингам.
"He might be a talented boy but does he really dig deep?"
Teddy Sheringham believes Manchester United should sell Paul Pogba this summer to move forward
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) May 26, 2020