Top Sport

Шешко се договорил со Њукасл

Словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко (22) има турбулентно лето, беше поврзуван со бројни клубови, а иднината на неговата кариера беше неизвесна. Првично се споменуваа Арсенал, Манчестер јунајтед и Ливерпул. Сепак, неговиот нов клуб изненади многумина, според информациите што доаѓаат од Словенија.

Според извештајот на словенечкиот медиум „delo.si“, Шешко одлучил да ја продолжи кариерата во Њукасл јунајтед.

„Словенечката фудбалска ѕвезда Бенјамин Шешко одлучил да ја поврзе својата иднина со Њукасл Јунајтед“, пишува словенечкиот портал. Претходно се шпекулираше за можен трансфер во Њукасл, но ова се сметаше за помалку веројатно. Сега, се чини, Словенецот се сели во редовите на „сврчките“.

Ова е голем пораз за Манчестер јунајтед, бидејќи на „Олд Трафорд“ беа убедени дека Шешко ќе го облече црвениот дрес.

Клучна улога одиграл, поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп. Германецот е прв оперативец на Ред Бул кога во прашање е фудбалот.

Клоп го поканил Шешек на разговор и, според словенечките и англиските медиуми, успеал да го убеди да го одбие Јунајтед и да оди – во Њукасл.

Се шпекулира дека трансферот на „Сент Џејмс Парк“ треба да изнесува 90.000.000 со бонуси, како и дека Шешко ги прифатил финансиските удлови што му ги понудил Њукасл.

Трансферот на Шешко во Њукасл дополнително го приближи Александер Исак до Ливерпул.

Scroll to Top