Top Sport

Шест клуба од Премиер лигата се соочени со одземаење на бодови

Неколку клубови од Премиер лигата се во трка со времето за да ги усогласат своите операции со регулативите за финансиски фер-плеј на натпреварувањето.

Според прописите кои беа воспоставени уште во 2013 година, клуб кој акумулира долг од повеќе од 105 милиони фунти за период од три години, се санкционира со одземање бодови.

Шест клуба во моментов се изложени на ризик: Евертон, Нотингем Форест, Њукасл, Челзи, Астон Вила и Лестер.

Сите тие имаат рок до 30 јуни да продадат еден или повеќе играчи, во зависност од тоа колку должат, за да не ја започнат следната сезона во Премиер лигата со минус на бодовното салдо.

Минатата сезона, Нотингем Форест и Евертон беа казнети поради истата причина, но успеаја да го сочуваат статусот во Премиер лигата.

На „шумарите“ им беа одземени четири бода, а на Евертон шест бода.

Интересно е што на крајот Евертон помина подобро од Нотингем, иако сумата што ја должи клубот над 105 милиони е поголема од онаа што Форест ја прикажа како долг.

За споменатите клубови продажбата на играчи не е проблем како таква, туку тоа што треба да ги продадат во најкус можен рок.

Затоа, најверојатно ќе мора да ја намалат цената како што се приближува последниот ден од тековниот месец. Ова е повторно добра можност за заинтересираните клубови да пазарат по одреден попуст.

Scroll to Top