Јулијан Нагелсман, во четвртокот, доби отказ, ден подоцна Баерн Минхен го назначи Томас Тухел за нов тренер.
Заминувањето на Нагелсман силно одекна во фудбалскиот свет, а германските медиуми секојдневно откриваат нови детали поврзани со отказот.
„Билд“, чиј новинар беше и девојката на Нагелсман, ексклузивно открива кои играчи биле најголемите поборници за негова смена.
Според нивните информации, против Нагелсман биле голманите Мануел Нојер и Свен Улрајх поради смената на тренерот на голманите Тони Тапаловиќ, но и – Серж Гнабри, Лирој Сане, Џамал Мусијала, Жоао Кансело и Садио Мане.
„Билд“, констатира дека е чудно што против тренерот биле Мусијала и Мане бидејќи биле стандардни од почетокот на сезоната.
Во исто време, Билд открива дека тренерот го подржувале Германците – Џошуа Кимих и Леон Горецка, како и Матијас де Лихт, Бенжаман Павар и Дајот Упамекано, додека најискусниот Томас Милер бил „неутрален“.