Шестмина фудбалери кои настапуваат за Шпанија на ЕУРО 2020, ќе бидет дел и од олимписката селекција во Токио, соопшти Фудбалскиот сојуз на оваа земја.
Во олимпискиот тим ќе бидат голманот Унаи Симон, односно Пау Торес, Ерик Гарсија, Педри, Микел Ојерзабал и Дани Олмо.
Во олмпискиот тим тројца фудбалери мижет да бидат постари од 24 години. Шпанците решија тие играчи да бидат Дани Себаљос, Марко Асенсио и Микел Мерино.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.