Top Sport

Шестмина во Еспањол позитивни на коронавирусот

Фудбалскиот клуб Еспањол потврдил дека шестмина членови биле позитивни на коронавирусот. Не е познато дали се работи за само фудбалери или меѓу заразените има и луѓе од клупскиот персонал.

Сите ги имале симптомите на вирусот и во наредниот период ќе бидат во изолација под лекарски надзор.

Во изолација се наоѓа комплетниот тим на Еспањол, по одлуката на Ла Лига првенството да биде суспендирано до 4 април.

Шпанија е една од најзагрозените земји. Бројот на заразени се зголемува секој ден. Од фудбалските клубови најпогодена е Валенсија. Според информациите од клубот 35 отсто од персоналот биле заразени.

Scroll to Top