Top Sport

Шевченко ќе биде новиот тренер на Џенова

Поранешниот фудбалер на Милан, Андреј Шевченко, ќе биде новиот тренер на Џенова. Италијанските медиуми тврдат дека Украинецот наскоро ќе го преземе клубот кој се бори за опстанок во Серија А.

Џенова, доцна синоќа, по ремито со Емполи (2:2), му врачи отказ на Давиде Балардини. Џанлука Ди Марцио прв објави дека Шевченко ќе го наследи на клупата.

Шевченко беше селектор на Украина, позицијата ја напушти по завршувањето на Европското првенство.

Италијанските медиуми објавија дека Шевченко ќе потпише двегодишен договор со Џенова.

Џенова во наредниот период има исклучително тежок распоред. Шевченко би требало да дебитира против Рома на 21.ноември, а потоа Џенова ќе игра против Удинезе, Милан, Јувентус, Сампдорија…

Scroll to Top