Top Sport

Шевченко ќе му биде тренер на Пандев во Џенова

Поранешниот голгетер на Динамо Киев, Милан и Челси, најдобриот светски фудбалер во 2004 година – Андриј Шевченко е нов тренер на калчолигашот Џенова.

Клубот каде настапува македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев соопшти дека е потпишан договор со Украинецот до јули 2024 година.

Шевченко претходните 4 години беше селектор на Украина, а со националниот тим стигна до четвртфиналето на ЕУРО2020.
Екипата на Џенова, најстариот италијански фудбалски клуб сезонава по 12 натпревари се наоѓа на 16. позиција на табелата во Серија А.


Мисијата на популарниот Шева е клубот да го задржи првотимскиот статус.

„Започнуваме нова авантура, целта е на Џенова да и го вратиме стариот сјај“ порача екс-фудбалерот на социјалните мрежи.

Џенова деветпати била шампион на Италија, последен пат во 1924 година.

Неофицијално, Шевченко ќе заработува по 2 милиони евра по сезона.

Scroll to Top