Top Sport

Шевченко: Милан се уште не може да се бори за титулата!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Андриј Шевченко во интервју за „Газета“ вели дека напредокот на Милан е видлив, но недоволен славниот клуб да се бори за титулата иднава сезона.

„Милан – кога го носите дресот на тој великан притисокот е огромен. На Милан одлично му тргна по паузата заради коронакризата. Ја пронајдоа својата структура. Малдини и Бобан направија некои добри работи и резултатите почнаа да доаѓаат. И Пиоли одлично го сработи својот дел од задачата. Му даде идентитет на тимот и стекна доверба кај играчите. Милан имаше проблем со континуитетот“ – вели популарниот Шева.

Тој вели дека Ибрахимовиќ е многу важен за екипата.

„Ако има доволно мотивација, секогаш би го задржал. Последните месеци го правеше токму она што од него се очекува, играше паметно и го водеше тимот до победа. Таков Ибра секогаш ви треба на терен“ – рече Шевченко.

Тој даде оценка и за новото засилување на „Росонерите“, Сандро Тонали.

„Ми се чини дека е солиден играч, со доста квалитети. За него многу се зорува. Сигурен сум дека може уште да напредува. Е сега дали ќе биде новиот Пирло, или новиот Гатузо…“ – смета Украинецот.

Scroll to Top