Top Sport

Шевченко удри по Игуаин: За него не беше чест да игра за Милан

Андриј Шевченко, фудбалер кој во својата кариера играше и за Милан и за Челси, не е задоволен од начинот на кој Гонзало Игуаин „избега“ од „Сан Сиро“ во Челси оваа зима.

Игуаин си заминува по само шест месеци во Милан, за да се обедини со својот стар тренер од Наполи, Маурицио Сари. Шевченко, кој сега е селектор на украинската репрезентација, инсистира дека Игуаин е самиот виновен за слабата форма, но верува дека и без него „росонерите“ ќе влезат во Лигата на шампиони.

„Милан се доволно добри за Лигата на шампионите, иако со Игуаин ќе беше полесно. Не знам што ја предизвика таа криза, но сите имаме добри и лоши моменти во кариерата. Исто така не ги сфаќам неговите мотиви за заминување од Милан, како што претходно не го сфатив ниту Леонардо Бонучи, но знам дека да се носи дресот на Милан треба да претставува чест. Тоа не беше така за нив“, вели Шевченко во изјава за италијанскиот „Џорнале“.

Scroll to Top