Патрик Шик вели дека не успеал да го даде максимумот во дресот на Рома и дека на крајот е задоволен што си замина од италијанската престолнина.
Чехот пристигна во Рома од Сампдорија откако му пропадна трансфер во Јувентус поради проблеми со срцето, но не го оствари посакуваното во Рома, пред ова лето да замине во РБ Лајпциг на заем за 3.5 милиони евра (со опција за купување за 29 милиони евра.
„Во Рома во ниту еден момент не се чувствував среќен и мислам дека направив вистински потег. Ми беше потребна промена. До последна секунда не знаевме дали трансферот ќе се оствари, така што бев подготвен на сè. Един Џеко ми кажа дека трансферот во Лајпциг е добар за мене, бидејќи има искуство од Германија. Во Рома игравме многу спор тип на фудбал со кој тешко се стигнуваше до голот. Не избегав од Рома, но се чувствував како да ме задушуваа и дека сум во стапица“, вели Шик.