Top Sport

Шилтон: Никогаш нема да се ракувам со Марадона

Поранешниот англиски репрезентативен голман, Питер Шилтон инсистира дека никогаш нема да се ракува со Диего Марадона по славното четврт-финале на СП во 1986 година.

Марадона на тој меч со Англија постигна два историски гола, еден со поминување на целиот англиски тим, но ушт еден со „Божјата рака“, во сомнителна ситуација. Шилтон открива дека добивал големи финансиски понуди да се сретне со Марадона, но Англичанецот вели дека не може да го заборави тој меч во 1986 година.

„Поинаа 32 години, така што тој имаше многу шанси да се извини за тоа. Ако досега не го направи тоа, не верувам дека некогаш ќе го направи. Тоа е во спротивност на мојата идеја дека фудбалот треба да го обедини светот. Марадона ја искористи ситуацијата за сопствени цели. Никогаш не посака да се сретнам со него оттогаш. Требаше да се извини. Никогаш нема да се ракувам со него“, вели 68-годишниот Шилтон.

Како капитени на своите репрезентации, тие се ракуваа пред мечот. Шилтон не го крие анимозитетот кон Марадона.

„Никогаш не ми се допаѓал, некои работи кои ги направи. Го сакам фудбалот, но исто така сакам и добро однесување. Тој изјавуваше дека уште ги мрази Англичаните по Фолклендската војна и тоа не ми се допадна. Марадона никогаш не покажа чесност како спортист и затоа сите работи кои ги направи на теренот беа уништени со однесувањето“, додава Шилтон.

Scroll to Top