Мајкл Овен „крена прашина“ во Англија со наводите во неговата нова книга. Особено погодени од она што го напишал Овен се навивачите и сите во Њукалс.
Овен по само една сезона во 2005 година го напушти Реал и за сума од 17 милиони фунти се пресели во Њукасл.
„Требаше да го следам инстинктот. Не сакав да одам таму, моето срце беше врзано за Ливерпул“, открива Овен во својата нова книга.
„Од оваа перспектива јасно е дека тоа беше чекор назад во мојата кариера“, смета Овен кој кариерата ја заврши во Стоук. Во книгата пишува и дека со нетрпение чекал да се пензионира бидејќи „последните шест или седум години му биле ужасни“.
Прв кој реагираше на она што го напишал Овен е легендарниот напаѓач на „страчките“, Алан Ширер.
„Да Мајкл на сите тоа така ни делуваше, а од друга страна заработуваше по 120.000 фунти неделно“, напишал Ширер на „Твитер“.
Овен се навредил од овој коментар и веднаш му вратил на Ширер.
„Не сум сигурен дека си му лојален на Њукасл онака како што се претставуваш. Се сеќавам дека беше на чекор до Ливерпул кога Боби Робсон те стави на клупата. Се обидуваше на направи се само за да заминеш од Њукасл“, возвратил Овен.