Top Sport

Ново изненадување на Мундобаскетот, Бразил ја среди Грција, Слукас трагичар

Второ големо изненадување во еден ден, овојпат во решија на кошаркарите на Бразил, предводени од Александар Петровиќ, братот на славниот Дражен Петровиќ.

Откако претходно Доминиканската република ги елиминираше Германците од можност за премин во следна фаза, предмалку бразилските кошаркари со 79-78 ја срушија фаворизираната Грција во 2. коло од групата Ф на Мундобаскетот во Кина.
Грците беа подобри во првото полувреме, предводени пред се од искусните Калатес и Принтезис. На паузата се отиде со резултат 40-30 за Грција.

Во вториот дел „кариоките“ направија серија и се вратија во игра. Третиот период им припадна на Бразилците со 13 поени разлика.

Во последниот период од мечот се одвиваше вистинска драма, се до последните секунди.

Бразил поведе со 79-76, а Грција имаше можност мечот да го однесе во продолженија. Бекот на Фенербахче, Костас Слукас доби три слободни фрлања. Двете ги реализираше, а третото го промаши за голема радост на јужноамериканците.
Кај победничката екипа се истакна Варежао со 22, додека Соуса постигна 15 поени.

Во грчката селекција предводник беше Принтезис со 20, додека Калатес реализираше 16 поени.

Scroll to Top