Top Sport

Ширер: Дрогба е најдобриот африкански фудбалер во историјата на Премиерлигата

Англиската фудбалска легенда, Алан Ширер инсистира дека Дидие Дрогба останува најдобриот африкански фудбалер во историјата на Премиерлигата, надминувајќи ги остварувањата на сегашната ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.

Дрогба, асот од Брегот на Слоновата Коска, помина 9 години во Челси, првпат од 2004 до 2012, а потоа и во сезоната 2014/15 и според Ширер постигна поголем успех од тој на Јаја Туре, Нванкво Кану, Емануел Адебајор, Џеј-Џеј Окоча и двоецот на Ливерпул, Мохамед Салх и Садио Мане.

„За мене, Дрогба е најдобриот, со едноставен факт – има 4 титули од Премиерлигата, 4 од ФА купот, 9 гола во 9 куп-финалиња, еден трофеј од Лигата на шампионите и 177 гола за Челси. Што друго да се каже“, вели Ширер.

Scroll to Top