Top Sport

Ширер: Ливерпул не е фаворит за титулата

Трката за шампионскиот трофеј во Премиер лигата речиси никогаш не била толку возбудлива на осум кола до крајот. Три екипи се натпреваруваат рамноправно и неблагодарно е да се прогнозира кој од Ливерпул, Арсенал и Манчестер сите прв ќе помине низ целта.

Исходот на шампионската трка ја прогнозираше легендарниот голгетер Алан Ширер. Поранешниот ас на Блекбурн, Њукасл и репрезентацијата на Англија истакнува дека секој тим има свои адути. Иако Ливерпул моментално е прв, Ширер не смета дека тимот на Јирген Клоп е најголем фавори.

Изминатиот викенд Манчестер сити и Арсенал ремизираа 0:0. На овој резултат најмногу му се израдуваа во Ливерпул. На осум кола до крајот на сезоната Ливерпул има два бода повеќе од Арсенал и три од Манчесте сити.

„Ова на „Етихад“ беше многу поразлично од она што се случи пред 11 месеци, кога Сити победи со 4:1. Тоа покажува дека Арсенал напредувале и колкав квалитет им донесе Деклан Рајс. Секој тим што ќе му дозволи на Сити само еден удар кон голот, што го направи Арсенал, заслужува почит. Постигнуваат многу голови, но сега се солидни и во одбраната. Мислам дека Арсенал ќе остане во игра до крајот.“

Иако тоа не го кажува децидно, се чини дека за Ширер фаворит за титулата е Манчестер сити.

„Сити има предност бидејќи и претходно биле тука и знаат дека овој бод не е толку лош резултат за нив. Тие се во серија од 23 меча без пораз во сите натпреварувања и се познати по тоа што знаат да победуваат во низа. И се чини дека имаат најлесен распоред.“

Scroll to Top