Top Sport

Ширер: Нема да биде фер ако титулата им ја доделат на Ливерпул

Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер смета дека сезоната во Премиер лигата треба да биде поништена. Слична порака минаата недела испрати и сопственичката на Вест Хем Карен Броди.

Вакво сценарио најмногу би му наштетило на Ливерпул, клуб речиси три децении ја чека шампионската титула. Ливерпул се лидери во Премиер лигата со голема предност пред Манчестер сити. За да ја обезбедат титулата и теоретски потребни им се уште само шест поени.

„Доколку сезоната не може да биде завршена, тогаш не може да има победници и поразени. Тоа би било лошо за некои тимови, особено за Ливерпул, но такво решение е единствено можно. Доколку сезоната не заврши не може да биде доделена титулата и никој не може да испадне од лигата“, изјавил Ширер и дополнил.

„Им требаат уште шест бода кои во моментов не можат да ги освојат. Поради тоа сметам дека не е поштено на било кого да му се додели титулата. Поради тоа првенството треба да биде прогласено за неважечко. Друга ќе беше приказната доколку веќе ја имаа обезбедено титулата. Играчите на Ливерпул треба да останат професионалци, да бидат дисциплинирани и да ги слушаат вестите“.

Во Велика Бртанија првенствата се суспендирани до 3 април, но веројатно забраната ќе биде продолжена.

Scroll to Top