Алан Ширер не изддржа и на Твитер се потсмеваше со Манчестер јунајтед и нивниот менаџер Оле Гунар Солскјер, откако „ѓаволите“ загубија со 4:0 од Евертон, што е нивни најтежок пораз во Премиер лигата во речиси три сезони. Со ова се продолжи низата од 6 порази во последните 8 меча за „ѓаволите“ под водство на Солскјер.

Ширер во 1996 годин славно одби да направи трансфер во Јунајтед, решавајќи да потпише од Блекбурн во Њукасл за тогаш рекордни 15 милиони фунти. Сер Алекс Фергусон наместо тоа, потпиша со Оле Гунар Солскјер од Молде и навивачите на Јунајтед тоа го овековечија во навивачка песна:

„ You are my Solskjaer, my Ole Solskjaer,

You make me happy, when skies are grey,

Oh Alan Shearer, was f****** dearer,

So please don’t take, my Solskjaer away… “

Или во превод: „Ти си мојот Солскјер и ме правиш среќен кога облаците се сиви – ох, Алан Ширер, беше еб.но подраг, но не ми го земај Солскјер“.

Ширер, сега, по тешкиот пораз на Јунајтед, само ги запраша навивачите на Јунајтед: „Како одеше таа песната?“.

Евертон го „здроби“ Јунајтед, кризата кај „ѓаволите“ нема крај! (видео)