Top Sport

Ширер: ВАР повторно се покажа како тешка глупост

Поранешниот англиски голгетер, Алан Ширер беше меѓу критичарите на ВАР системот на Светското првенство во Русија, откако технологијата имаше главна улога во драмата во второто полувреме на мечот Португалија-Иран, но и на другиот меч Шпанија-Мароко.

ВАР беше постојано користен во текот на 1:1 ремито меѓу Португалија-Иран, најзначајно во одлуката да се досуди пенал над Кристијано Роналдо, но и за одлуката да му се додели жолт наместо црвен картон по еден старт. Пеналот на Роналдо инаку беше одбранет. Судијата Енрике Касерес честопати се консултираше со ВАР за многубројни прекини, и Ширер не беше воодушевен.

„Ова беше најблиску до тоа да пцујам додека сум на ТВ. Навистина сакам да кажам дека ВАР е комплетна глупост. Вистинска фарса!“, напиша Ширер.

Со него се согласува и португалскиот фудбалер Жоао Марио.

„Навистина е тешко да се игра со ВАР. Имаше премногу прекини, но тоа е тоа, ние сме тука да играме. Го дадовме нашиот максимум“, вели играчот од средниот ред.

И вториот меч од групата Б беше „ВАР-осан“! Покрај одлуката за голот во 93. минута на Јаго, дел од гледачите се зачудија како Жерард Пике не доби црвен картон за остриот старт над Халид Бутаиб со две нозе. Исто така, Мароко можеше да добие и пенал по играта на рака на Пике!

 

Scroll to Top