Top Sport

Ширер: Во овој Сити јас би постигнувал по 40 голови во сезона!

Легендарниот англиски фудбалски напаѓач, Алан Ширер го коментираше денешниот фудбал во Премиерлигата.

Ширер во деведесетите години од минатиот век беше еден од најдобрите напаѓачи во светот, а со Блекбурн Роверс во 1995 година ја освои Премиерлигата. За Англија одигра 63 меча и постигна 30 гола.

„Во денешните екипи на Ливерпул или Манчестер Сити, со оглед на количеството на шанси што овие екипи го создаваат, солиден напаѓач може да постигнува околу 20, а врвен во најдобрите години, како што бев јас, би постигнувал од 40 до 45 голови. Кој бил добар фудбалер во седумдесетите и осумдесетите, би бил добар и денес. Технологијата во спортот многу напредуваше и фудбалерите имаат повеќе можности“ вели Ширер.

Го прашаа дали би имало место за него во сегашниот состав на „Гордиот Албион“.

„Хари Кејн работи добра работа, постигнува голови како од шега, но мислам дека Ширер во дваесетите години би можел да игра во денешниот состав на Англија. Мислам дека би било интересно јас и Кејн да сме во ист тим“ вели тој.

Scroll to Top