Top Sport

Ширер воодушевен: Халанд е најдобар

Ерлинг Халанд постави рекорд во Премиер лигата. Норвежанецот е првиот играч во историјата на што постигнал 35 гола во една сезона, во Премиер лигата. Сопственици на претходниот рекорд (34 гола во една сезона) беа Алан Ширер и Енди Кол.

35. гол сезонава во Премиер лигата, Халанд го постигна синоќа во победата на Манчестер Сити над Вест Хем (3:0).

„Овој рекорд не можеше да го постави подобар човек. Беа потребни само 28 години. Тој е најдобар“, напиша Алан Ширер на Твитер.

„35 гола во Премиер лигата? Тоа е лудост! Моите мисли се со Алан Ширер во ова тешко време“, прокоментира уште еден легендарен англиски напаѓач – Гери Линекер, шегувајќи се на сметка на својот колега.

Енди Кол постигна 34 гола додека играше за Њукасл Јунајтед во сезоната 1993/1994, а Ширер ги постигна своите 34 гола во сезоната 1994/1995 како напаѓач за Блекбурн Роверс.

Инаку, Халанд во неделата, со голот против Фулам стана првиот играч во англиската Премиер лига од 1931 година кој постигнал најмалку 50 гола во една сезона. 80 години овој рекорд беше во сопственост на легендата на Астон Вила, Том „Понго“ Варинг.

Scroll to Top