Top Sport

Шкендија го доби Вардар по пресврт за да дојде на бод до титулата

Шкендија на најдобар можен начин покажа дека ја заслужува титулата, за која и е потребен само уште еден поен, откако во дербито на „Филип Втори“ со пресврт го совлада сѐ уште актуелниот шампион Вардар со 2:3.

Студен туш за навивачите на Вардар имаше уште во шестата минута кога Бесарт Ибраими по одличната топка од Жуниор го совлада Алексовски. Вардар успеа да израмни пред крајот на полувремето, откако 17-годишниот Бојан Колевски во 43. минута израмни на 1:1.

„Џокерот“ на Вардар беше Хамбарџумјан, кој изнудни пенал во 46. минута за Блажевски да донесе водство за домашнот тим. Само шест минути подоцна, Ибраими постигна убав гол од слободен удар за 2:2, а шест минути по тој гол, Висар Муслуи го комплетираше пресвртот.

За втора титула во историјата, на тетовци ќе им биде доволен само бод против Шкупи во недела.

Фото: ФК Вардар, ФК Шкендија

Scroll to Top