Македонскиот прволигаш Шкендија го позајми напаѓачот Валмир Нафиу во словачкиот тим Кошице. Оваа сезона Кошице се натпреварува во второлигашка конкуренција и има амбиции да се врати во елитата на словачкиот фудбал.
Договорот меѓу Шкендија и Кошице е играчот да остане таму до 14 јуни.
Нафиу беше во Шкендија од 2018 година, а претходно играше уште за Ренова, како и за Скендербег (Албанија), АПОЕЛ (Кипар), Хамбургер (Германија) и за Базел (Швајцарија).