Шкендија успеа да се врати на првото место на табелата во македонската Прва лига, откако одигра 1:1 со Работнички во дербито на 10-тото коло, и сега само гол-разликата ги држи пред Шкупи.
Вардар, пак, мораше да се задоволи само со 3:3 реми со Ренова по тешкиот 1:5 пораз од Шкендија во претходното коло, откако примија гол во 90-тата минута. Македонија ЃП го заддржи третото место со 3:1 победа над Академија Пандев.
Во Тетово, Шкендија успеа да дојде до рано водство со голот на Бесарт Ибраими уште во 16-тата минута, но „романтичарите“ успеаја да израмнат во 51. минута со голот на младиот Лука Станковски.
Вардар по само 13 минути игра имаше 2:0 предност против Ренова со головите на Мирчевски и Попзлатанов, но Ренова во 28. минута намали на 2:1. Петковски стрелаше за 3:1, но Ренова повторно се врати на само гол разлика во финишот на првото полувреме преку Велија, пред Јашароски во 90-тата минута да обезбеди поен за тетовци.
ПРВА ЛИГА, 10.КОЛО
Беласица – Борец 2:2
Македонија Ѓорче Петров – Академија Пандев 3:1
Пелистер – Струга Трим Љум 1:1
Шкендија – Работнички 1:1
Вардар – Ренова 3:3
Табела: 1.Шкендија 22, 2.Шкупи 22, 3.Македонија ЃП 19, 4.Струга 17, 5.Борец 16, 6.Силекс 14, 7.Работнички 12, 8.Пелистер 12, 9.Вардар 12, 10.Ренова 6, 11.Академија Пандев 7, 12.Беласица 2.
Фото: ФК Шкендија