Top Sport

Шкендија и Струга не успеаја да стигнат до победи

Шкендија одигра 1:1 против Академија Пандев и така не го искористи новото реми на лидерот на табелата Струга, кои одиграа 1:1 на дербито со Работнички.

Љупче Дориев им донесе рано водство н Шкендиј уште во 9. минута, кога по обидот на Аденис Шаља, ја смести топката во мрежата на гостите. И покрај повеќето шанси во текот на првото полувреме, Шкендија не успеа да даде уште еден гол, и беше кзнета во 69. минута, кога Мартин Ѓорѓиевски постигна гол за 1:1.

Струга на Срѓан Захариевски, пак, по „атомскиот старт“ на сезоната, влезе во мини-криза со пет натпревари без победа по 1:1 ремито со Работнички. „Романтичарите“ дојдоа во водство со голот на замената Шаркоски во 68. минута, за неколку минути подоцна Шабани да ја искористи грешката на одбраната за 1:1.

ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО
Брегалница – Тиквеш 2:1
Победа – Македонија Ѓорче Петров 1:3
Работнички – Струга 1:1
Шкендија – Академија Пандев 1:1

Фото: ФК Шкендија


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top