Top Sport

(Видео) Шкендија и Тиквеш елиминирани од Конференциската лига

На самиот почетокот заврши евро-одисејата на Шкендија и Тиквеш. Двата тима се елиминирани во првото квалификацисо коло за Конференциската лига.

Шкендија го загуби двомечот со ерменскиот претставник Ноа. По поразот од 2:0 во Ерменија, Шкендија загуби и дома со 2:1.

Миљковиќ во 20.минута ја најави елиминацијата на Шкендја. Цаке изедначи во 53.минита, потоа Шкендија не искористи неколку добри шанси да дојде до предност. Конечните 1:2 ги постави Пинсон во 91.минута.

Тиквеш својот деби настап во европските купови го заврши на Исланд. По победата во првиот меч од 3:2, Тиквеш доживеа пораз од Бреидаблик 3:1 и покрај тоа што во деветтата минута поведе со голот на Спахиу.

Scroll to Top