Top Sport

Шкендија ќе презими на првата позиција

Фудбалерите на Шкендија есенскиот дел од сезоната 2018/2019 го завршија на првото место со пет бода повеќе од главниот конкурент за титулата Вардар. Попладнево, Шкендија победи во тетовското дерби против Ренова, додека Вардар освои еден бод кај Академија Пандев.

Еден гол во првото и два во второто полувреме беа доволни Шкендија да запише убедлив триумф над Ренова. Без неколку стандардни играчи, Шкендија, лесно се справи со градскиот ривал. Нафиу, Бојку и Имерибеа стрелци н головите со кои Шкендија освои три бода, а полу-сезоната ја завршува со 40 бода.

Академија Пандев и Вардар, во Струмица одиграа натпревар без постигнати голови, по што двата тима освоија по еден гол.

Работнички, во последниот меч есенва, стави крај на серијата од три победи. „Романтичарите“, доживеаја непријатен пораз од Шкупи. Со головите на Билали и Велиу екипата од Чаир ги освои трите бода.

Значајни бодови освоија играчите на Македонија ЃП во Прилеп, против Победа. Македонија ЃП славеше 2:0 со головите на Кировски и Да Силва.

Силекс е единствениот тим во ова коло што успеа да победи на домашен терен. Тимот од Кратово славеше над „фенерџијата“ Беласица со 1:0. Голот за победа го постигна Мбела.

Резултати, 18.коло:

Академија Пандев-Вардар 0:0
Ренова-Шкендија 0:3
Работнички-Шкупи 0:2
Победа-Македонија ЃП 0:2
Силекс-Беласица 1:0

Табела: Шкендија 40, Вардар 35, Академија Пандев 30, Работнилчки 26, Шкупи 23, Ренова 21, Македонија ЃП 21, Силекс 18, Победа 17, Беласица 17.

Scroll to Top