Top Sport

Шкендија од „белата точка“ го сруши Работнички

Шкендија го победи Работнички во Скопје со 2:1 во последниот меч одигран во рамките на 14 коло во Првата македонска фудбалска лига.

Актуелните шампиони, иако беа во подредена положба, успеаја да дојдат до трите бода со головите што ги постигна Агим Ибрами од пенал.

Дуелот започна добро за Работнички, во шестата минута Шаркоски го постигна првиот гол на мечот. Водството на Рботнички траеше до 19 минута кога Ибраими израмни од пенал.

До крајот на мечот Работнички не искориси неколку зрели шанси, се истакна Захов со своите одбрани. Голамнот на Шкендија покрај Ибраими е најзаслужен за победата.

Клучниот момент се случи во 90 минута кога Шкендија доби уште еден пенал. Ибраими го постигна вториот гол.

Шкендија сега има 21 бод и го дели третото место со Силекс, додека Работнички се на последното место со само 11 бода.

фото/fkrabotnicki.com

Scroll to Top