Top Sport

Дембеле би можел да можел да заврши во Манчестер сити

Усман Дембеле наредното лето би можел да ја напушти Барселна. Ова го шпекулираат медиумите според кои неговиот договор ќе го откупи Манчестер сити.

Барселона во летниот преоден рок во 2017 година за Дембеле на Борусија Дортмунд и плати 105 милиони евра, а делот со бонусите изнесува дополнителни 40 милиони евра.

Досега од разни причини, најмногу поради неспортскиот жоивот Дембеле не покажа ниту дел од својот потенцијал на „Камп Ноу“. Неодговорното однесување ги нервира челниците на клубот и тренерот Ернесто Валверде поради што се шпекулира дека ќе се обидат да се ослободат од него.

Наводно голем интерес за овој играч покажувале од Манчестер сити, односно тренерот Пеп Гвардиола.

Според него Дембеле поседувал потенцијал како Рахим Стерлинг, кој под Гвардиола израсна во еден од најдобрите фудбалери во светот.

Исто така Гвардиола сметал дека Дембеле би бил идеална замена за Лирој Сане за кого се очекува да го напушти клубот.

Според шпекулациите Сити би требале да издвојат најмалку 90 милиони евра за трансферот на Дембеле.

Scroll to Top