Top Sport

Шкендија одигра нерешено, 0:0, против ТНС во Велс, реванш во вторник во Скопје

Без голови заврши првиот натпревар во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Екипата на Шкендија одигра нерешено, 0:0,  на гостувањето против екипата ТНС во Велс, Велика Британија.

Шкендија беше рамноправен ривал на ТНС. Во најголем дел од мечот топката беше кај нив, имаа неколку нереализирани можности, но не успеаја да најдат простор за гол и по продолжението од четири минути.

Судија на натпреварот беше Ирецот Роб Хенеси.

0:0 останува стартен резултат за реваншот кој ќе биде за седум дена, во вторник на 15 јули, во Скопје.

Scroll to Top