Top Sport

Шкендија повторно ќе игра со Номе Калју?

Фудбалерите на Шкендија би можеле повторно да се сретнат со екипата на Номе Калју, но сега во квалификациите за пласман во главната фаза во Лига Европа. Шкендија минатата недела доживеа понижувачка елиминација од Естонците во првото коло, во квалификациите за Лигата на шампионите.

Ваквото сценарио е многу реално, а за да се случи уште еден дуел на македонскиот и естонскиот шампион потребно е да се се исполнат неколку услови.

Шкендија најпрвин ќе мора да го мине претставникот на Луксембург Дуделанж и да избори пласман во наредната рунда во Лига Европа, каде ќе го чека поразениот од пресметката помеѓу Селтик и Номе Калју во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите, што со огледот на квалитетот на шкотскиот првак е реална опција.

Инаку доколку има повторен дуел на Шкендија и Номе Калју домаќин на првиот меч ќе биде македонскиот шампион.

Мечевите од третото квалификациско коло во Лига Европа на програмата ќе бидат на 8 и 15 август.

Scroll to Top