Top Sport

Шкендија против Рајо Ваљекано дебитира во главната фаза во Конференциската лига

Македонскиот првак Шкендија, вечерва го игра дебитантскиот натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Шкендија во Мадрид му гостува на Рајо Ваљекано.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири зборуваше пред дуелот на „Ваљехас“ стадионот.

„Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат“, рече Беќири проговори и за противникот.

„Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Вајекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. Што се однесува до играта, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“

„За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од ваква лига каква што е Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот“.
Натпреварот во Мадрид ќе започне во 18.45 часот.

Foto/ kfshkendija.com

Scroll to Top