Актуелниот македонски првак Шкендија ја раскина соработката со тренерот Бруно Акраповиќ. По ремито без голови против Борец во Тетово, а во ситуација кога Шкендија ја загуби трката за шампионската титула со Шкупи, раководството и Акраповиќ се одлучија за спогодбен раскин на договорот.
„Шкендија соопштува дека тренерот Акраповиќ веќе нема да биде шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“ бидејќи соработката е раскината по меѓусебен договор. Клубот и тренерот Акраповиќ сметаат дека прекинот на соработката во овој момент е во интерес на двете страни. Во оваа прилика, Шкендија му се заблагодарува на тренерот Акраповиќ за придонесот во периодот додека го водеше тимот и му посакуваме здравје и многу успеси во тренерската кариера“, соопштија од Шкендија.
Најавите од Тетово се дека Артим Шаќири ќе седне на клупата на Шкендија во наредниот период.