Top Sport

Шкендија се врати за победа кај Победа, Шкупи и Силекс без „муниција“

Шкендија по две ремија се врати на победите, откако триумфираше со 3:1 на гости кај победа, додека шампионот Шкупи повторно не успеа да постигне гол, одигрувајќи 0:0 во дербито против Силекс.

Победа дојде во водство во 12. минута преку Србинот Огњен Ѓурковиќ, но тетовци успеаја да израмнат во финишот на полувремето со голот на Љупче Дориев, пред Аденис Шаља да го комплетира камбекот во 53. минута.

Во Чаир пак,  Шкупи не успеа да го совлада незгодниот Силекс, со што кратовци остануваат на второто место на табелата со 15 поени, колку што има и Шкендија, и дури 10 зад лидерот Струга (иако стружани имаат натпревар помалку). Тиквеш, пак, со 1:0 победата нд Скопје, останува на четвртото место на табелата со 13 поени, пред Шкупи со 12 поени.

ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО
Победа – Шкендија 1:3
Шкупи – Силекс 0:0
Тиквеш – Скопје 2:0

Фото: ФК Шкендија

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top